СДСМ: Како што се приближува поразот на изборите, така ВМРО-ДПМНЕ се повеќе шири лажни вести

Од:

„Како што расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на изборите, така се зголемува хиперпродукцијата на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола.

ВМРО-ДПМНЕ, Лидер и Курир дејствуваат од еден штаб од еден центар за лаги, лажни вести, манипулации и конструкции.

Повикувањето на медиуми што шират лажни вести и презентирањето содржини со невистинити информации и конструкции, доволно зборува за степенот на очај во кој се западнати ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Објавените лажни информации, конструкции и графички манипулации на Лидер и Курир немаат никаква врска со реалноста.

СДСМ најостро ја осудува оваа постапка којашто е спротивна на принципите на професионално и објективно информирање на граѓаните.

Времето кога државните институции масовно се партизираа, кога институциите беа претворени во партиски штабови заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, по преземените реформи, институциите работат независно, професионално и во интерес на граѓаните, а процесот на вработувања се одвива според предвидените програми и потреби и за сите важат еднакви услови и критериуми за вработување.

Јасно е дека лажните вести се единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ, уште појасно е дека лагите ќе се зголемуваат како што ќе се приближуваат изборите за претседател на кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе претрпат пораз од граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ