СДСМ: Како Јанкулоска, Ѓорчев и други функционери на ДПМНЕ се збогатиле од чиновнички плати?

Од:

Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа, прашуваат СДСМ.

„Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска,Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?

– Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?

– На темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап“, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните