СДСМ: Јавното обвинителство реагира како да е политички субјект, а не правосуден орган

Од:

„Јавното обвинителство реагира како да е политички субјект, а не правосуден орган. Ова е уште еден класичен доказ дека обвинителството е инструмент за остварување на политички цели и интереси на Никола Груевски и Сашо Мијалков“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на Обвинителството. 

„Нека не ја лаже Обвинителстото јавноста со обиди за оправдувања и затскривања зад обвинителите.

Јавното обвинителство функционира по принципите на хиерархија и субординација.

Обвинителниот акт против лидерот на опозицијата и обвинетите во конструираниот случај Пуч е нареден од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски.

Да имаше Јавното обвинителство каков било аргумент за покренувањето на обвинителниот акт против обвинетите во конструираниот случај Пуч, ќе го соопштеше јавно пред граѓаните на Македонија.

Јавното обвинителство нема аргументи!

Република Македонија сега е прва држава во светот каде што има обвинение за пуч, без притоа во таквиот наводен пуч да има каква било инволвираност на вооружени структури од полицијата и од МВР и АРМ.

Порачуваме дека Јавното обвинителство е должно да постапува согласно законите во Република Македонија, а не по нарачки на тесна група на власт на чело со Никола Груевски којашто работела на уривање на уставниот поредок на државата и правела злодела врз граѓаните на Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи