СДСМ: Јавноста веќе ја препознава ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажните вести

Од:

„Со секојдневното пласирање на лаги, измислици и конструирани случаи, ВМРО-ДПМНЕ стана симбол за лажните вести.

Во отсуство на конкретни идеи, програма и мерки во интерес на граѓаните и државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно се посветија на лажни вести.

Последен случај на лажна вест од белиот дворец е за компанијата „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека добила лиценца за одлгедување марихуана. Ова беше демантирано од надлежното Министерството за здравство кое објави дека посочената компанија не само што нема добиено лиценца, туку нема ниту поднесено барање за почнување постапка за добивање лиценца.

Цели конструкции и измислени поврзувања ВМРО-ДПМНЕ прави врз основа на невистини и лажни вести. На тоа се сведуваат прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести, измислици и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека со пласирање лажни вести и измислени, непостоечки случаи нема да можат да ја добијат довербата на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски