СДСМ: Јасно е зошто медиумските курири молчеа, медиумскиот мрак е платен со народни пари

Од:

„Сега е уште појасно зошто точно 50 дена, Курир, Република и Радио Слободна Македонија молчеа од каде им се милионите евра на нивните сметки, а молчеа и институциите.

Медиумскиот мрак во Македонија, пропагандата, медиумските хајки се платени со пари на граѓаните.

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра, пари на граѓаните!

a prihodi Kurir (1)1

Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се симнуваат екраните на телевизиите  Сител, Канал 5 и Алфа.

Јасно е сега од каде се приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, овие медиуми со народни пари шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Prihodi, Radio Slobodna Makedonija1

Затоа овие медиуми изминативе 10 години ги лажеа граѓаните и ширеа пропаганда од невидени размери.

Затоа, без да се обезбедат услови за објективен и фер терен за натпревар, не се можни фер и регуларни избори.

Новата Влада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински информирани граѓани може слободно да носат одлуки за иднината на својата држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски