СДСМ: Јасно е, ништо нема да го спаси Груевски од одговорност

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува преку своите медиумски курири да шири невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните, само со една цел – да ја сокрие вистината дека Македонија се крена против криминалната банда на Никола Груевски.

Во страв од вистината и враќањето на правдата, медиумските курири на Груевски не го пренесоа ставот на Европската комисија дека не гледа ни минимални услови за веродостојни избори на 5-ти јуни.

Дополнително, Европската комисија потврди дека потребно е “неодложно справување со постојаните проблеми со владеењето на правото“, што особено се однесува на потребата за повлекување на аболициите од Иванов.

Медиумските курири хистерично шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината. Во Македонија може да има само слободни, фер, демократски и регулрани избори.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест ни од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата