СДСМ: Јанкулоска свесно поттикнува омраза и нетрпеливост

Од:

Гордана Јанкулоска денеска направи уште една тешка злоупотреба на службената положба.

Укажуваме дека со своето однесување Гордана Јанкулоска свесно поттикнува омраза и нетрпеливост што може да има сериозни последици врз граѓаните и државата.

Јанкулоска ја користи позицијата министер за внатрешни работи за недозволиви сериозни клевети пред припадници на полицијата!

Со изнесените тешки обвинувања, без докази, со цел инструментализација на полицијата, Јанкулоска направи уште едно кривично дело.

Потсетуваме дека полицијата е на сите граѓани на Република Македонија и ниту Јанкулоска, ниту Груевски, ниту Мијалков или кој било друг, има право да ја злоупотребува.

Повикуваме личноста која учествувала во изборни криминали, со што го изгуби својот легитимитет, да ја прибере својата приватна нервоза од обелоденувањето на вистината и веднаш да си поднесе оставка, како и Владата на којашто и припаѓа, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски