СДСМ: Јанакиевски ја призна незаконската набавка на кинеските автобуси, Мицкоски сака да направи иста таква

Од:

Денешните признанија на обвинетите во судскиот случај „Дизајн“ потврдуваат дека набавката на кинеските автобуси за потребите на ЈСП Скопје е незаконска и на штета на Градот Скопје велат од СДСМ.

– Обвинетите признаа дека ја злоупотребиле службената положба за да ја фаворизираат конкретната компанија, со што го оштетиле државниот буџет за скоро пет милиони евра. Од друга страна асистентот за јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски, најави дека преговарал со компании за набавка на нови автобуси и веќе се подготвувала тендерската документација. Без никаква надлежност, без никакви услови и критериуми, Мицкоски, во име на Град Скопје најавува набавка на нови автобуси за потребите на ЈСП. Ова е многу слично како и набавката на кинеските автобуси за која денеска има признанија за сторени кривични дела. Денешните признанија треба да бидат дополнителен мотив, надлежните институции да постапат, да ги истражат сите наоди и да спречат нова криминална набавка на штета на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?