СДСМ: Јакимовски призна дека општината е во тешка финансиска состојба

Од:

Стевчо Јакимовски денеска призна дека развојот на општина Карпош е доведен во прашање бидејќи општината е во тешка финансиска состојба! Јакимовски денеска скандалозно објасни дека неговите ветувања пред изборите биле само негова визија, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Стевчо Јакимовски.

Јакимовски по година ипол во градоначалничката фотеља вели дека општината ќе се развива колку што има средства.

По теркот на Груевски, градоначалникот Јакимовски се оправдува со кризата во Европа.

Што се однесува до некакво предавство, зарем Стевчо Јакимовски има чиста совест да зборува, кога токму тој ги предаде граѓаните на Карпош коалицирајќи со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и на локално и централно ниво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби