СДСМ: Јакимовски го прекрши Изборниот законик

Од:

„За жал, во 2017 година, во Карпош сѐ уште има руинирани градинки и има недостаток од сместување за најмладите карпошани.

Откако СДСМ вчера ги обелодени лошите услови во градинката Мајски цвет, откако беше обелоденето дека Стевче Јакимовски со години ги лажеше граѓаните и им ветуваше изградба на нова градинка во населбата Бардовци, продолжената рака на Никола Груевски и градоначалник во заминување, денеска побрза да удри камен-темелник на новата градинка „Аврам Писевски“ во оваа населба.

За ваквите незаконски активности на Јакимовски, спротивни на Изборниот законик (член 8а) СДСМ ќе поднесе соодветна пријава.

Јакимовски нема да успее да ги прикрие штетите што им ги нанесе на граѓаните со неговото неодговорно, расипничко и коруптивно владеење со општина Карпош. Јакимовски ќе се соочи со својата политичка и правна одговорност за своите постапки, а граѓаните на Карпош по изборите ќе добијат нова услужна, одговорна и отчетна власт предводена од СДСМ која ќе работи во интерес на граѓаните и општината.

Градинките во општина Карпошт ќе ги изгради новата локална власт предводена од СДСМ. Се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош, по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, градинката во Влае 1 и да изградиме две нови градинки. Една во Влае 2, на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“, и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата