А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ја унапредуваме здравствената заштита и условите за работа на медицинскиот персонал

by А1он18/09/2019 - 09:46170
Share0

„Владата предводена од СДСМ постојано вложува во унапредување на здравствената заштита и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мерките и политиките ги насочуваме кон обезбедување на достојни услови за работа и привлекување на младите доктори.

Веднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворена шанса за работа во здравствените установи.

Веќе се објавени два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати ќе започнат со работа во следниот период.

За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период.

Платите во здравството постојано растат“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Покачена е платата за 10 отсто на медицинските сестри и 15 отсто на докторите специјалисти.

Со ребалансот на буџетот, септемвриската плата во во здравството се зголемува за дополнителни 5 отсто.

Остануваме на нашето ветување до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари.

Матичните лекари од следниот месец ќе добијат поголема капитација со што ќе се реши уште еден долгогодишен проблем наследен од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Со тоа ги мотивираме лекарите и медицинскиот персонал, да останат тука, да продолжат да работат во јавното здравство.

Како одговорна партија преку конкретни мерки остануваме посветени на грижата кон пациентите и здравствените работници.

Го унапредуваме здравственот систем во интерес на граѓаните, лекарите и медицинскиот персонал“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:21

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео