СДСМ: Ја осудуваме изјавата на градоначалникот Лата

Од:

„Ја осудуваме провокативната реторика во изјавата на градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата, која не е во духот на заедништвото, интеграцијата и меѓусебното почитување на граѓаните.

Избраните и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и граѓаните на Република Македонија. И Лата, како и сите други носители на државни функции мора да работат единствено во интерес на граѓаните и секоја изјава, секој искажан збор и секое направено дело мора да биде исклучиво во интерес на граѓаните, што не е случај со последната изјава на Лата.

Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности и демократските стандарди за коишто се заложуваме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски