СДСМ: Ја остваруваме тридецениската стратешка цел – Република Северна Македонија 30 земја членка на НАТО

Од:

„СДСМ за само 2,5 години како парламентарно мнозинство и како власт покажа дека може да ги решава децениските отворени прашања, но и да ја постави државата цврсто на патот кон ЕУ и НАТО.

Со ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол во Собранието на Република Северна Македонија остварена е тридецениска стратешка заложба на земјата за интеграција во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО“, велат од СДСМ.

„Нашата држава е рамноправен партнер на НАТО, што значи не само безбедност, стабилност и сигурност, туку и повеќе странски инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Сепак и во овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе останат запаметени како кочничари на процесот за пристапување кон НАТО и процесот за интеграција кон ЕУ.

Тоа го покажаа и во Собранието кога само Мицкоски и неколку негови послушници не аплаудираа на ратификацијата со која се заокружува членството во НАТО.

Република Северна Македонија со крупни чекори продолжува напред кон развој и напредок, кон интеграција во ЕУ, а ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол е дополнителен мотив да продолжиме уште попосветено да работиме за граѓаните и државата.

СДСМ останува силно посветен на реализација на реформите што обезбедуваат економски раст и развој, напредок и подобар живот за граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски