СДСМ ја кандидира Анета Јоновска Љубанова за градоначалник на Росоман

Од:

Анета Јоновска Љубенова е кандидатот за градоначалник на Росоман на претстојните локални избори од опозициската СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“. Советничката листа на опозицијата ја предводи Маја Миленовиќ.

До општинската изборна комисија на Росоман во продолжениот рок за кандидирање кандидати за градоначалник и советници, советничка листа доставија и од Српската народна странка на Македонија предводена од Воислав Стошиќ. Сега во трката за градоначалник на Росоман влегуваат тројца кандидати. Покрај Љубенова тука се и актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Лазов и Гоце Величковски од Народно движење за Македонија, кој претходно два мандата беше градоначалник од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада