СДСМ: Извештајот на Транспаренси интернешенал е резултат на 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за корупција, кога на сите им е јасно дека токму оваа партија со години практикуваше криминал, корупција и расипничко работење за сопствено богатење на сметка на осиромашените граѓани и држава.

Последниот извештај на Транспаренси интернешенал кој што се однесува на состојбите во 2017 година е резултат на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е јасен показател на кое ниво ја доведоа Република Македонија со нивното коруптивно работење.

На граѓаните им е совршено јасно кој работеше криминално коруптивно и на нивна штета и затоа избраа промени. За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, ги санира штетите од корупцијата, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон било каков тип на корупција и во која секој оној кој ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки. Работите се менуваат, а резултатите од тоа очекувано е да се рефлектираат за состојбите во 2018 година“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“