СДСМ: Измислиците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ја прикријат деструктивноста и неработењето на нивните градоначалници

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира наводни скандали во обид да го прикрие неработењето на своите градоначалници и деструктивното дејствување во Собранието“, реагира СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторените лаги за јавни набавки на МВР кои се одвивале согласно законите, јавно и транспарентно не можат да го оттргнат фокусот на јавноста од штетите што ги прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот факт што ниту една компанија не поднела жалба или барање за поништување доволно зборува за законитоста на набавките.

ВМРО-ДПМНЕ или блокира или шири лажни вести, тоа е се што оваа партија им нуди на граѓаните, нема предлози, нема идеи, нема решенија, само лаги и измислици“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби