СДСМ: Изминуваат две години локална власт, ДПМНЕ ги има нај неспособните градоначалници

Од:

На половина од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и над 40 општини низ државата заклучокот е дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа граѓаните. По две години локална власт на ДПМНЕ јаснo е дека ветеното пред граѓаните не се реализира, нема нови проекти, нема развој, велат од СДСМ.

– Од Скопје неспособните градоначалници на ДПМНЕ создадоа една голема депонија, создадоа нечист и нефункционален град кој се уназадува. Во Скопје не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови еколошки 250 автобуси, јавниот превоз е во хаос, јавните претпријатија се пред колапс. Истото го гледаме и низ другите општини водени од градоначалници на ДПМНЕ. Нема нови проекти но затоа ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните со повисоки сметки за комунални услуги. ДПМНЕ ги има најнеспособните градоначланици. Со ДПМНЕ општините две години назадуваат наместо да напредуваат, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски