СДСМ: Излезе на виделина лагата на Мицкоски, нема ново парламентарно мнозинство

Од:

„Со месеци Христијан Мицкоски го лажеше народот дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство. Вчера излезе на виделина лагата на Мицкоски, ново парламентарно мнозинство нема“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. Мнозинството ќе се посвети на реформите за државата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, и почеток на преговорите со ЕУ.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го загрозуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да ја вратат државата назад во темното минато на режимот“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски