СДСМ: Излегуваме со најдобрата понуда за секоја општина

Од:

По спроведените испитувања на јавното мислење, анализите и истражувањата, консултациите со членството, Извршниот одбор на синоќешната седница ги дефинираше првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ. Сите кандидати за градоначалнички и градоначлници кои беа синоќа објавени во првата фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни индивидуи, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина велат во соопштение од СДСМ.

– Кон почетокот на следниот месец ќе биде објавена уште една група на потврдени кандидати за градоначалници, во втора фаза, а очекувањата се до крајот на август да бидат објавени сите кандидати за градоначалнички и градоначалници во сите општини каде СДСМ ќе номинира свои кандидати. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани. СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави и во иднина, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби