СДСМ: Иванов работи против интересите на државата и волјата на граѓаните

Од:

СДСМ реагираше на ставовите на претседателот Ѓорѓе Иванов. Реакцијата ја пренесуваме во целост

„Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста, ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Република Македонија, реагираат од СДСМ на изнесениот став на Иванов дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на Договорот со Грција.

Од партијата истакнуваат дека со постигнатиот Договор се става крај на 25-годишниот спор, се зајакнува македонскиот идентитет и е важен чекор за полноправно членство во ЕУ и НАТО.

– Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО нека ги преслуша пораките од целиот демократски свет, од сите демократски лидери, се вели во реакцијата од СДСМ.

Според партијата најавата на Иванов дека нема да ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдум е, како што истакнуваат оттаму, во најмала рака скандалозна за секој нормален, одговорен политичар и оти претседател на држава не треба да се спротивставува на огромното мнозинство граѓани, туку да ја почитува.

Иванов, велат оттаму, не смее да се става над законите и Уставот, тој е должен да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот и да има предвид дека СДСМ, граѓаните, демократската јавност, нема да дозволат ниту една деструктивна сила да ја закочи македонската иднина, ниту пак да ја врати Македонија во мрачното минато на изолација, поделби и неизвеснот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната