СДСМ: Иванов потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку политичка дивоградба на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешното обраќање на претседателот Ѓорге Ивнаов.

„Ѓорге Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина.

Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски.

Цели 9 години Ѓорѓе Иванов не направи ништо за Македонија, не направи ништо за граѓаните.

Молчеше за масовната партизација, за нападот на Собранието на 27 април, молчеше за притисоците кон медиумите, за апсења и затворања на новинари, за газењето на демократијата, човековите права и слободи.

Иванов се јавува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да штити насилници.Очигледно се уште е во функција на нивна одбрана.

Ако било можно членството во ЕУ и НАТО без решение на спорот со Грција, како што денска тврдеше тој, зошто во изминтите 9 години Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не го постигнале тоа?

Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија наназад го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Обезбедување на македонската иднина и иднината на граѓаните е вистински патриотизам. Тоа е непознат термин за Иванов.

Граѓаните мора и ќе го имаат последниот збор, на референдум.

Доста беа децениски порази, време е за победи.

ДА, за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?