СДСМ: Иванов покажа дека не може да излезе од политиките на раздор и поделби

Од:

„Ѓорѓе Иванов денеска одржа срамен и партиско-политички говор, со што уште еднаш докажа дека ниту бил ниту ќе биде претседател на сите граѓани.

Ѓорѓе Иванов цели десет години молчеше и ниту еднаш не најде за потребно да реагира против масовната партизација на јавната администрација и општеството, за полициско-судко-политички монтирани процеси против тогашната опозиција и неистомислениците на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста со години беше лишена од ставовите и мислењата на Иванов околу загадувањето на воздухот, грабежот на јавното добро, политичките пресметки и реваншизам, угнетувањето на медиумите и затворањето новинари, нападот врз демократијата на 24 декември 2012, насилствата во Собранието на 27 ми април, изборните неправилности и останатите проблеми кои се провлекуваа со години.

Во годината во која државата прави крупни исчекори во возобновување на демократијата, обединувањето на граѓаните околу стратешките цели, унапредување на добрососедските односи и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, Иванов продолжува со создавање на атмосфера на изолација и поделби, работејќи спротивно на интересите на државата и граѓаните.

Очигледно е дека Иванов останува заробен во својата улога на заштитник на одредена група луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и нема капацитет да излезе од политиките на раздор и поделби што ги создава со секој свој јавен настап.

СДСМ останува посветена на новите вредности, изградбата на едно демократско општество за сите, обединувањето на граѓаните, напредокот и стратешките интереси на Република Македонија, членка на ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на годишното обраќање на Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?