СДСМ: Иванов ќе биде писмено известен дека е должен да му го даде мандатот на Заев

Од:

„Ќе има конститутивна седница и избор на нов претседател на Собранието и од него Ѓорге Иванов ќе биде известен дека е должен веднаш да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за состав на новата Влада.

Тоа го очекуваат граѓаните на Македонија кои избраа промени!
700.000 граѓани стојат зад ова барање, преточено во уставни 67 пратенички потписи за доделување мандат за состав на Влада.

Ѓорге Иванов нема право за личен спас на Никола Груевски да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија!

Со денешниот интервју, Иванов самиот се разобличи во намерата да го поддржува Груевски во неговата цел за продлабочување на политичката криза.

Но, двајцата, не смеат да го уриваат уставниот поредок, да предизвикуваат дестабилизација, да излегуваат со неразумни барања за нови избори, само затоа што Груевски има потреба да бара спас од одговорноста за криминалите што ги правел.

На граѓаните и на државата им е потребна итна стабилизација по кредибилните избори и формирањето на парламентарно мнозинство на демократски начин.

Единствено решение за излез од кризата е формирање нова Влада во најкус можен рок.

Постои Програма на новата реформска Влада којашто ја гарантира уставноста на државата, владеењето на правото и евро-атлантските перспективи и постои парламентарно мнозинство.

Ќе има и нова реформска Влада во Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски