СДСМ: Иванов ја продлабочи кризата, само целосно поништување на аболицијата е решение

Од:

„Денешната одлука на лицето Горге Иванов е уште едно, ново кршење на Уставот на Република Македонија, што дополнително ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во земјава.

Аболицијата мора целосно да се поништи и законот да важи подеднакво за сите.

Тоа единствено е возможно преку гласање за автентичното толкување на Законот за помилување во Парламентот, со поддршка на сите партии.

Само така и Иванов и Груевски ќе покажат дека се за владеење на правото, почитување на Уставот и законите во Република Македонија и само на тој начин може да дадат придонес кон разрешување на кризата.

Денеска, Горге Иванов повторно реши да ја следи нарачаната, добро осмислена тактика на криминалната власт, предводена од Никола Груевски.

Иако можеше да ги поништи сите аболиции, што по нарачка на Груевски ги донесе, тој смислено не го направи тоа.

Јасно е. Иванов им направи услуга на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ коишто не сакаат да се поништи аболицијата за нив. Им отвори Иванов пат да не мора да побараат укинување на аболицијата а сепак правна, вистинска, фактичка разврска да нема поради неуставноста на одлуката.

Само целосно поништување на аболицијата е решение.

Само целосното поништување на аболицијата ќе значи дека законот е подеднаков за сите.

Законите во Македонија мора да важат за сите.

Едно треба да им биде јасно.

Никој не е над правдата, над граѓаните, над законот и уставот во Република Македонија.

Правдата во Македонија ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он