А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Иванов е должен да го даде мандатот за формирање влада

by А1он01/05/2017 - 14:46108
Share0

СДСМ преку пишано соопштение порачува дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да постапи според Уставот и да го даде мандатот за формирање влада.

Добивај вести на вибер

– Ѓорге Иванов мора да престане со неразумното однесување и да почне да ги почитува уставните задолженија. Многу скоро Иванов ќе добие официјално известување од новиот собраниски претседател, преку кое ќе биде информиран дека има демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство. Од тој момент, Иванов мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата влада, се вели во соопштението од СДСМ.

Се нагласува дека јавно објавената програма на новата реформска влада ја гарантира целовитоста и унитарноста на Македонија, со што се исцрпуваат сите оправдувања за недоделување на мандатот.

– Македонија ќе добие нова реформска влада за која гласаше мнозинството граѓани. Иванов ќе мора да го прекине самоволието со кое наштетува на државните и националните интереси. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво, се потенцира во соопштението од СДСМ.

ivanovsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто