СДСМ: Иванов да постапи уставно, ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција

Од:

„Неопходно е во периодот што престои максимална одговорност од сите за да се овозможи формирањето на новата Влада што е врвен државен интерес.

На граѓаните им е потребна стабилност, потребен им е квалитетен живот и перспективи што ќе им ги отворат евро-интеграциите, а тоа ќе го овозможи новата реформска Влада.

Ова е важно за сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка или каква било друга припадност.

Парламентарното мнозинство ќе ја реализира својата обврска пред граѓаните, да ја формира новата Влада којашто ќе ги реализира потребните реформи во граѓански и државен интерес.

Тој процес е почнат со изборот на новиот собраниски претседател. Пред граѓаните и пред Ѓорге Иванов ќе биде реафиримирана и определбата на мнозинството за унитарна Македонија, кое што ќе работи согласно Уставот и на евро-атлантска иднина на државата.

Мора да се прекинат сите лаги во врска со некакви закани по националните и државните интереси, со коишто Никола Груевски за лични интереси ги вознемирува граѓаните.

Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните и да се издигне над личните интереси на Груевски.

Тоа треба да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, којашто има исто така обврска пред граѓаните да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи реформските процеси, за да може земјата да се придвижи напред.

Доста е од криминали, поделби, изолација, реваншизми, насилства.

Граѓаните повевеќе не смеат да бидат заложници на овие деструктивни политики.

Тие гласаа за нов начин на водење на државата, за одговорни политичари, за интегративни политики, за држава во којашто секој ќе се чувствува безбедно и заштитено и во којашто мора да функционира правдата.

Парламентарното мнозинство е подготвено да работи во интерес и за доброто на сите граѓани. Но пред се, без одложување мора да биде овозможено да ја формира новата Влада.

Тоа ќе се случи.

Повикуваме сите да се вклучат во демократските процеси што носат живот и напредок“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“