СДСМ: Иванов да го даде мандатот, мнозинството ќе формира влада

Од:

СДСМ денеска соопшти дека реафирмацијата на програмата на новата влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евроатлантските перспективи, ги разбива, како што наведуваат, сите неразумни аргументи околу мандатот што претседателот Ѓорге Иванов е неопходно брзо да го даде.

– Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси, соопшти СДСМ.

Порачуваат дека ќе има нова влада затоа што, истакнуваат, тоа е изборна волја на мнозинството граѓани.

Парламентарното мнозинство, наведува СДСМ, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата и веќе е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти.

– Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, поддржано од Иванов веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави пет месеци без нова Влада, а од вчера и без градоначалници и советници. Вработените во општинските институции поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ и Иванов веќе се во ризик да не примаат плата, а граѓаните не можат да ги добијат потребните општински услуги. Граѓаните и домашната и меѓународната јавност очекуваат од Ѓорге Иванов да престане да ги поддржува деструктивните политики на Груевски и соработниците и да постапи според граѓанските и државните интереси, се вели во соопштението.

СДСМ ги повикува, како што стои во соопштението, „разумните политичари во ВМРО-ДПМНЕ да се постават конструктивно, партијата да престане со приземните политики на задоволување лични интереси на поединци и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата„.

– Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор за сертификатот директно од ETS – СДСМ за отфрлената кривична пријава против Христовски

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Дали овој пат владејачкото мнозинство ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?

А1он

СДСМ: Ова е тажно – Oбвинителството е обичен инструмент за власта

А1он

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и да шири инсинуации во врска со договорот

Горан Наумовски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР