СДСМ: Итни мерки за намалување на загадувањето и оставка од Коце

Од:

„Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува се повеќе алармантна и крјано загрижувачка.

Секојдневно граѓаните на Македонија буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.

Подолг временски период граѓаните дишат по 10 па дури и 20 пати позагаден воздух од дозволеното.

Синоќа, во вечерните часови, во Скопје и Тетово ПМ 10 честичките изнесуваа 14 пати над дозволеното, додека во Битола и Кавадарци 8, односно 5 пати над дозволената граница.

Bitola

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Годишно во Македонија има 1.350 смртни случаи предизвикани од болести на дишните патишта поради штетните и канцерогени честички во загадениот воздух, според Светска Банка.

И после сите фрапантни податоци за бројот на смртни случаи како резултат на загадениот воздух, власта на Никола Груевски ниту реагира, ниту има во план ефикасни мерки за спречување на загадувањето.

Bitola

Напротив. Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски и покрај сите реакции и апели од јавноста, бесрамно продолжува со кастрирање и на тоа малку зеленило што остана. Дури и денеска се случи сечење на дрвјата позади домот на АРМ.

Коце Трајановски го уништува Скопје на штета на здравјето на граѓаните. Коце Трајановски веднаш да си поднесе оставка.

Граѓаните со право се загрижени за своето здравје и со целосно право бараат преземање на итни мерки за намалување на загадувањето.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а проблемот со загадувањето сеуште не е решен.

Lisice

Итно е потребно да се преземат мерки, за граѓаните да почувствуваат намалување на загадувањето.

Бараме парите од непродуктивните “инвестиции“ веднаш да се пренаменат во субвенции за намалување на загадувањето, како на пример субвнеционирање на јавниот превоз“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски