СДСМ: Исти училишни столчиња се набавувале по двојно повисоки цени, каде завршила разликата?

Од:

„Уште еден пример на злоупотреби на парите на граѓаните преку училиштата на грбот на учениците. Исти училишни столчиња се набавувале по различни цени за различни училишта. Некаде биле купени за 505 денари по столче, а некаде и до 1.062 денари по столче или за 110% повисока цена. Во чии џебови завршила разликата?

Цената по која столчињата ги купило СУГС „Цветан Димов“ – Скопје е за 110% повисока од цената која за столчињата ја платило ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец по тендер спроведен од општината. Во тендерите на трите училишта кои ги платиле највисоките цени за набавка на столчиња (ОУ „Кирил и Методиј“ – Тетово, СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка и СУГС „Цветан Димов“ – Скопје) немало конкуренција, односно добиена е само по една прифатлива понуда, и не била спроведена електронска аукција, стои во Индексот на рационалност изготвен од Центарот за граѓански комуникации.

Според истражувањето, просечната цена што е плаќана за набавка на столчињата изнесува 799 денари. Пет училишта плаќале цена што е пониска од просечната, додека четири училишта цена повисоки од просечната.

Ова е само уште еден пример за рушењето на образовниот систем од власта на ВМРО-ДПМНЕ и профитирање преку учениците.

По 11 декември доаѓаат промените. Злоупотребите ќе бидат казнети, новата влада на СДСМ ќе го врати достоинството на образованието“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски