СДСМ: Инвестираме во развој на инфраструктурата во Скопје, се реконструираат и пробиваат нови улици, се зголемуваат зелените површини

Од:

„СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката сообраќајна инфраструктура.

На територија на Град Скопје се одвива засилена градежна офанзива во реконструкција и пробивање и изградба на нови улици.

Започна изградбата на улицата Есенинова која ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Центар. Со пробивањето на оваа нова сообраќајница, која е трето поврзување меѓу Аеродром и Кисела Вода значително ќе се намали сообраќајниот метеж во тој дел од градот“, велат од СДСМ.

„Интензивно се работи и втората фаза од изградбата на булеварот АСНОМ со мост преку Вардар кој ќе ги поврзува општините Аеродром, Центар и Гази Баба како модерно булеварско решение со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и ново булеварско зеленило.

Реконструкција започнува на клучните булевари во Скопје и тоа булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од Хиподром до поранешниот саем во Автокоманда во должина од 5 километри, Видое Смилевски Бато во Аеродром од крстосницата со булевар Февруарски поход, до крстосницата со булевар Србија, како и 8ми септември во Карпош.

Голем градежен зафат се одвива и во општина Центар, каде во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски, со целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари.

На територијата на општина Чаир, во моментов се работи на реконструкција на улицата Џон.

Истовремено во градот Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри, од кои од особено значење се подигнатите паркови на местото на некогашните диви депонии во Кисела Вода со површина од околу на површина од околу 18.000 квадратни метри и во Аеродром на површина од 8.000 квадратни метри, а активно се работи на паркот на местото на дивата депонија во Карпош 4 што ќе се протега на површина од околу 60.000 квадратни метри.

Одговорно и посветено продолжуваме со реализација на проектите за поквалитетен живот на граѓаните, за развој и унапредување на инфраструктурата во градот Скопје и градските општини.

Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки со цел обезбедување на одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст