СДСМ: Инвестициите во МВР резултираат со значителен пад на криминалот и корупцијата и поголема мотивираност на полицијата

Од:

„Одговорниот и транспарентен пристап на СДСМ ја трансформираше полицијата во вистински заштитник на граѓаните. Во континуитет инвестираме во подобрување на условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал“, соопшти СДСМ.

„За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР.

Континуирано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи.

Сите овие инвестиции придонесуваат за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.

Во првото полугодие од оваа година бележиме пад на криминалот за 10,8 отсто споредено со истиот период лани.

Овој ефикасен пристап резултира со постојан раст на довербата на граѓаните кон полицијата која денес е вистински чувар на законите и правниот поредок“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби