СДСМ: Институционално потврдено, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април, а Мицкоски не се оградува од насилниците

Од:

„Низ институционални отворени судски процеси се потврди, ВМРО-ДПМНЕ стои зад насилствата од крвавиот четврток.

Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието.

Тоа се личности соработници на Никола Груевски, а денес соработници на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

„Мицкоски не само што не се оградува од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ, до ден денес јавно ги поддржуваат.

27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во ликот и делото на Христијан Мицковски.

Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!

27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има.

Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски