СДСМ: Институциите молчат за милионските приходи на медиумските курири

Од:

„Молчат и државните институции за милионските приходи на сметките на медиумите на Никола Груевски.

Помина повеќе од еден месец откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија.”

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Додека граѓаните едвај преживуваат со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за лаги на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки.

Државните институции се должни да одговорат за начинот на финансирање на медиумите под контрола на Никола Груевски коишто вртат милиони на нивните сметки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион