СДСМ: Институциите да одговорат за финансирањето на медиумите на Груевски

Од:

Поминаа 42 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1,3 милиони евра на Курир, за приходите од 1,1 милион евра на Република, приходите од 617.000 евра на Радио Слободна Македонија, но одговор од државните институции нема, потсетува СДСМ.

„Курир, Република и Радио Слободна Македонија се трите медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра! Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски? Зошто и државните институции молчат за милионските приходи на сметките на медиумските курири на Никола Груевски? Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за лаги на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека Никола Груевски не сака слободни медиуми и дека медиумскиот мрак во Македонија, фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа.

„Државните институции се должни да одговорат за начинот на финансирање на медиумите на Никола Груевски коишто вртат милиони на нивните сметки“, порачува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“