СДСМ: Институциите да не паѓаат на притисокот на ВМРО-ДПМНЕ, Пецаков да одговара

Од:

Од СДСМ повикуваат институциите да не паѓаат на притисокот на ВМРО ДПМНЕ и градоналачникот на Охрид, Кирил Пецаков да одговара.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции и притисоци врз инситуциите да го одбранат нивниот градоначалник Кирил Пецаков од противзаконското постапување и кршење на протоколите за заштита од коронвирусот.

Институциите да не паѓаат на притисокот на ВМРО-ДПМНЕ, Пецаков мора да одговара за тоа што наместо во изолација по тестирање за Ковид 19 присуствуваше меѓу илјадници луѓе во Охрид.

И Пецаков како и неговиот шеф Христијан Мицкоски не почитува мерки за заштита и крши протоколи на очиглед на целата јавност, одговорност за таквите постапки мора да има“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?