СДСМ: Имаме решенија за проблемите во здравството

Од:

„Македонија е на последното место во Европа по здравствени услуги, според Европската служба за здравствена заштита.

Системските проблеми и нефункционирањето на здравствениот систем во Македонија резултира со трагични последици врз животите на граѓаните.

Здравството тоне. Нема доволен лекарски кадар, нема соодветна опрема, недостасува медицински материјал. Граѓаните се повеќе плаќаат а добиваат се помалку и се полоши услуги.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има решенија за проблемите во здравството.

СДСМ знае како да се подигне срушеното здравство.

СДСМ знае како да се обезбеди чиста и здрава животна средина.

Денеска со почеток во 11:55 часот, во објектот на Скопски саем-Скопје, ќе се одржи централна дебата од проектот Визијата за Македонија на тема Создаваме здрава средина за здрав живот.

На дебатата воведно обраќање ќе има претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Потоа на темата ќе се обратат потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчески и претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакаровски по што ќе биде отворена дебата со присутните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски