СДСМ има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати на ДИК

Од:

Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати од предвремените избори кои се одржаа вчера. Според Комисијата, коалицијата предводена од СДСМ освоила 327.329 гласови, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 315.344 гласови, а ДУИ освоила 104.587 гласови.

Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат освено 81.297 гласови, Левица добиле 37.551 глас, ДПА имаат 13.891 глас, Интегра добиле 12.291 глас, ГДУ добиле 3.555, работничката партија МОРО добила 3.245 гласови, Глас за Македонија има 2801 глас, Единствена Македонија добила 2.604 гласа, СДУ има 2.585 гласови, Твоја има 1.894 гласа, Демократи имаат 1.556 гласови и Народната партија на Ромите добиле 1.225 гласови.

ДИК објави дека СДСМ освоила 46 мандати, а пак ВМРО-ДПМНЕ има 44 мандати. ДУИ има 15 мандати, Алијанса за Албанците има 12 мандати. Левица има вкупно два мандати и ДПА еден мандат.

Во првата изборна единица, СДСМ има осум мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 7 мандати, ДУИ пак имаат два мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива добиле два мандати и Левица има еден мандат.

„Во првата изборна единица, Коалицијата „Можеме“ освоила 54.578 гласови односно 34.12 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 50.564 гласови или 31.61 процент. ДУИ освоила 19.672 гласа или 12.03 проценти од гласовите. Алијансата за Албанците освоиле 14.143 гласови или 8.84 проценти. Левица освоила 12.124 гласови во првата изборна единица или 7.58 проценти. Интегра освоила 2447 гласови, ДПА има 1964 гласа, Твоја има 1210 гласови, Глас за Македонија добиле 940 гласа, СДУ има 778 гласа, ГДУ 530, МОРО 451, Единствена Македонија има 334 и Демократи 216 гласа“, рече Дерковски.

Во втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат подеднаков број, односно по седум мандати. ДУИ и Алијанса за Албанците со Алтернатива имаат по три мандати.

„Во втората изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освиле 47.929 гласови односно 31,34 проценти. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 47.852 гласа или 31.29 проценти. ДУИ освоила 22.078 гласа или 14.44 проценти. Алијанса за Албанците и Алтернатива има 20.783 гласа односно 13.59 проценти. Левица освоила 5.896 гласови или 3.86 проценти. Интегра има 2.516 гласа или 1,65 проценти. ДПА има 1821 гласови, Народната партија на Ромите има 1225 гласови, Единствена Македонија има 552 гласа, Глас за Македонија има 488 гласа, СДУ има 427 гласа, МОРО има 402, Твоја има 390, ГДУ има 348 и Демократи има 236“, кажа Дерковски.

Во третата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има 10 мандати, СДСМ има 9 мандати и Левица има 1 мандат.

„Во изборната единица три, ВМРО-ДПМНЕ добила 71.551 глас или 45.82 проценти. Коалицијата ‘Можеме’ предводена од СДСМ има 66.853 гласови или 42.81 процент. Левица освоила 6.939 гласови или 4.44 проценти. ДУИ има 3.331 глас или 2.13 проценти. Интегра има 2.364 гласови, ГДУ има 1448. Алијанса за Албанците и Алтернатива освоиле 992 гласа, МОРО има 773 гласа, СДУ има 473, Глас за Македонија има 456 гласови, Единствена Македонија има 404 гласови, Демократи имаат 283 гласови, ДПА има 242 гласови“, соопшти Дерковски.

Во четворката, СДСМ освоиле 10 мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати.

„Во четвртата изборна единица коалицијата ‘Можеме’ предводена од СДСМ освоила 77.195 гласа или 46.76 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 74.478 гласови или 45.11 проценти. Левица освоила 6.836 гласови или 4.14 проценти. Интегра има 2.706 гласови или 1.64 проценти. Единствена Македонија имаат 839, МОРО има 703, СДУ пак освоиле 502 гласови, Глас за Маедконија има 493, ГДУ има 450, Демократи 397, ДУИ има 293 и Алијанса за Албанците и Алтернатива има 213 гласа“, додаде Дерковски.

Во петката, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат подеднаков број мандати односно по осум мандати. ДУИ пак доби три мандати, а Алијанса на Албанците со Алтернатива добија еден мандат.

„Во петата изборна единица, коалицијата ‘Можеме’ предводена од СДСМ освоила 56.622 гласа или 36.67 проценти. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 55.159 гласа или 35.72 проценти. ДУИ освоиле 21.745 гласови или 14.08 проценти. Алијансата на Албанците и Алтернатива имаат 10.716 или 6.94 проценти. Левица освила 4.715 гласови или 3.05 проценти. Интегра има 1731, ДПА 781, ГДУ има 739 гласови, МОРО има 543 гласа, Глас за Македонија има 424 гласови, СДУ има 405, Твоја има 294, Единствена Македонија има 293 и Демократи имаат 234 гласови“, рече Дерковски.

Во последната односно шестата изборна единица, ДУИ освоила седум мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат по шест мандати, Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има четири мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат два мандати и еден мандат има ДПА.

„Во шестата изборна единица, ДУИ освоиле 37.468 гласови или 30.41 процент. Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 34.450 гласови односно 27.096 проценти. Коалицијата „Можеме“ освоила 24.229 гласови или 19.67 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има 19.663 гласови или 12.71 процент. ДПА освоила 9.083 гласови или 7.37 проценти. Левица има 1.041 глас, Интегра има 527 гласа, МОРО има 373, Демократи имаат 190 и Единствена Македонија добиле 182 гласа“, кажа Дерковски.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино