СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

Од:

Се случи дебакл на една неспособна власт која не знае да организира ниту наједноставна мерка, ваучери за електонски уреди за студентите од првиот циклус на студии. Прво им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија. Ги повикаа младите да аплицираат, им праќале потврди, дури им дозволиле и да подигнат уреди, за потоа да им стигне е мејл дека ваучерот не важи. Последните информации објавени во медиумите се дека постдипломци добиле ваучери, иако не им следуваат, велат од СДСМ.

„Прашање е дали се направени и намерни злоупотреби? Срушени системи уште во првата минута, хаотично водена постапка, врати отворени па затворени, потврди испратени па поништени, добиени ваучери без исполнети критериуми, се ова со заеднички именител неспобна ДПМНЕ.

Власта создаде ситуација во која за младите е непознато што ќе се случи со студентите кои веќе земале уред со одобрениот ваучер. Кој сега ќе преземе одговорност за овој хаос и оваа измама? Никој не виде бенефит од оваа власт. Не може младите во Македонија да бидат „колатерална штета“ на неспособноста на ДПМНЕ. Младите заслужуваат држава која функционира, не држава која се распаѓа на една мерка со една интернет страница, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски