СДСМ: Им благодариме на граѓаните за силната поддршка и масовното присуство на централниот митинг

Од:

„Им благодариме на граѓаните за силната поддршка на концептот што води напред кон прогрес, развој, интеграција, и сигурна иднина предводен од Стево Пендаровски.

Масовната посетеност на вчерашниот голем граѓански собир на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски докажа дека граѓаните се одлучни да продолжат заедно напред.

Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати се обединија околу Стево и неговиот концепт.

Тоа ќе се покаже и во недела кога граѓаните масовно ќе гласаат за претседател кој обединува, кој води напред и достојно ја претставува државата.

Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија, продолжуваме заедно напред“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“