СДСМ: Игнорирањето на загаденоста го загрозува здравјето на граѓаните

Од:

„Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија.

Во Скопје загадениот воздух достигнува 14 пати повисоки концентрации на опасните ПМ10 честички што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните.

Загадување 23 и 24 декември 2015 година_Page_1

Иста е состојбата и во другите поголеми градови во Македонија. Во Тетово концентрацијата на ПМ10 честичките изнесува фрапантни 18 пати над дозволената граница, додека во Битола 10, Кавадарци и Кичево 7, односно 6 пати над дозволеното.

Секојдневно се зголемува бројот на болни од болести на дишните патишта. Амбулантите се полни.

Загадување 23 и 24 декември 2015 година_Page_2

Според Светка банка Македонија е на самиот врв по годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од канцерогените честичките кои предизвикуваат рак. Во Македонија има 1.350 смртни случаи годишно предизвикани од болести на дишните патишта и рак.

Никола Груевски го игнорира проблемот што го загрозува најскапоценото нешто, здравјето на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствена грижа на Никола Груевски се тендерите и бизнисот на фамилијата, зделките на братучедот Сашо Мијалков.

Загадување 23 и 24 декември 2015 година_Page_3

За споменици Никола Груевски потроши над 630 милиони евра а цели 10 години проблемот со огромната загаденост на воздухот што ги труе граѓаните нема решение.

Во интерес на граѓание е веднаш да се преземат конкретните мерки на СДСМ за намалување загадувањето:

– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.

Загадување 23 и 24 декември 2015 година_Page_4

– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.

– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.

– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.

Граѓаните се обединети против политиките кои им го загрозуваат животот“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија