СДСМ: Игнорирањето на проблемот со загадувањето е штетен по здравјето на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со игнорирање на проблемот со загадувањето додека граѓаните на Македонија со месеци дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички.

Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во Скопје, Кочани и Кавадарци е 2 пати над дозволеното, додека во Битола, Кичево, Тетово и Велес изнесува 3 пати над дозволената граница.

Фамилијарно-тендерските политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Наместо за полнење на џебовите на фамилијата, парите можеше да се инвестираат во заштита на животната средина за граѓаните на Македонија да не дишат загаден воздух.

Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата, парите ќе ги врати кон граѓаните и ќе обезбеди чиста и здрава животна средина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски