СДСМ: Иднината во НАТО е извесна, останува пратениците да го направат последниот чекор

Од:

„Македонија ги почнува преговорите со НАТО, пратениците да го обезбедат членството преку усвојување на уставните измени

Република Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО Алијансата.

Зборот е збор, од заробена држава до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг.

Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји-членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО.

Македонија влегува во процесот на преговори целосно подготвена да ги прифати и примени обврските од Договорот од Вашингтон, како основачки акт за НАТО, кој ги уредува принципите за членство во Алијансата и со целосна посветеност ќе зеде учество во политиките и структурите на НАТО.

Патот е отворен, а иднината во НАТО е извесна, Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО.

Сега, останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да ја следат мнозинската волја и да обезбедат европка иднина на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски