СДСМ: Идината на Македонија е новата Влада предводена од претседателот Зоран Заев

Од:

СДСМ писмено реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Домашната и меѓународната демократска јавност јасно препознаа во претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговорен, совесен, посветен, чесен и способен лидер, кој сака, може и знае да придонесе за доброто на Република Македонија, за развој на регионот и на демократските процеси во цивилизираниот свет.

Граѓаните затоа масовно ги избраа промените во нашата држава што се случуваат, коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на сите луѓе во државата и ќе ја повлечат Македонија напред од изолацијата во којашто ја остави Никола Груевски цели 10 години за неговите криминални интереси.

Целата меѓународна заедница секојдневно изразува недвосмислена поддршка на новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и прeтседателот Заев во процесот на формирање на новата реформска Влада и тоа е следниот чекор во демократските процеси што се незапирливи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби