СДСМ: Идејата за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Реферндумот што Христијан Мицкоски го бара е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ и спас на неговата фотелја во Белиот дворец. Имаа шанса пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да учествуваат во усвојувањето на Заклучоците по европскиот предлог за почеток на преговорите, но тие три дена ширеа лажни вести, викаа, свиреа, се закануваа и на крајот избегаа од собраниската сала и собраа сили ниту да гласаат против, се вели во соопштението од СДСМ.

„Идејата на Мицкоски за референдум нема поддршка ниту кај коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај останатите опозициски партии.

Таквото барање за референдум за кое Мицкоски не ја знае ниту формата ниту прашањето е единствено со цел да го манипулира членството на партијата откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и дестабилизира државата.

Мицкоски е осамен и изолиран, негов единствен партнер е проруската Левица предводена од Димитар Апасиев. Со своето дејствување Мицкоски останува на спротивната страна на државните интереси, на погрешната страна на историјата“, велат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага