СДСМ: И во 2015. година остануваме цврсто на ставот за враќање на демократските институции во земјава

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката Радмила Шекеринска и гереналниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше работен состанок со претседателите во Централниот систем на комисии на СДСМ.

„И во 2015 година остануваме цврсто на ставот за враќање на демократските институции во земјава и посветени исклучиво на интересите на граѓаните на Република Македонија.

sdsmSostanok2jan (2) Централниот систем на комисии, што го раководи претседателот Заев, направи осврт на сработеното изминатиот период и донесе едногласни заклучоци за интензивирање на теренските активности што се одвиваат во соработка со граѓаните, со цел изработка на максимално квалитетни решенија на бројните наталожени проблеми во сите области во државата.

sdsmSostanok2jan (3)

Соодветната поставеност на СДСМ, во постојан редовен контакт со граѓаните од сите делови на Македонија изминатите неколку дена, што беше единствен извор на јавноста за големата хаварија што се случува во земјава со електро-енергетскиот систем и патниот сообраќај, отсечени домакинства од струја, без храна, вода, е само еден од начините на теренското позиционирање на СДСМ.

sdsmSostanok2jan (4)

Целта е, во директниот контакт со граѓаните, независно од медиумскиот мрак и конструкциите на власта, вистината да допре до народот. СДСМ e стабилна, одговорна и сериозна алтернатива на оваа неодговорна власт“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ