СДСМ: И официјално во Македонија се спроведува партиско политички пуч! Тоа нема да им го дозволиме

Од:

„Цело време ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски глуми лажна конструктивност. Од друга страна ние сакаме да се донесе вистински народен буџет и за стопанството и за граѓаните. Не само што го одбија нашиот план за штедење туку тие дрско,безобразно без усул и без памет продолжија да се задолжуваат како што имаат намера тоа да о прават и во текот на следната цела година. денеска дојдовме да работиме, по амандманите, по буџетот“, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.

Власта рече, преку нејзиниот извршител, лицето Трајко Вељановски, ги затвори вратите на комисијата за финансирање и буџет. Денеска дојдовме да работиме, и во недела, како што тоа го правиме во изминатите денови, за да донесеме вистински буџет. Власта и лицето Трајко Вељаноски тоа не го дозволија.

Од вчера започна да се спроведува партиско-полицискиот пуч во оваа држава. Од вчера и денес, се спроведува сценариото во кое што спротивно на Уставот, спротивно на Закон за Собрание, спротивно на Деловникот на Собрание власта треба да го донесе буџетот на шверцерски, шпиунски и незаконски начин, денеска, во недела и утре, лицето Трајко Вељановски, извршителот на ова сценарио на сила да го вметне буџетот на утрешната седница. Овдека, ова што се случува, овој партиско-полициски пуч, веќе не станува збор само за Устав, само за закон, само за деловник или само за буџет.

Овдека, станува збор за БРАНЕЊЕ на оваа држава како самостојна, суверена и парламентарна демократија. Власта сака да ја ПОГАЗИ државата. Ако тие ова го спроведат, утре може да се смени Устав, може да се донесе било кој закон, може да се прогласи било што во оваа држава, надвор од Уставот, само затоа што на некого му текнало.

Сакаме да ве информираме, како и досега, така и денес, така и понатаму. Ова не смее и нема да помине. Ја информираме јавноста дека имаме обврска пред граѓаните да го спречиме овој партиско-полициски пуч и поништување на Република Македонија.

Сакаме да ја информираме јавноста дека од денес попладнево, вечерва, утре, колку треба ние од ова Собрание – НЕ ИЗЛЕГУВАМE.

Ќе бидеме пред Сала 1 колку што треба за да ги спречиме во овој партиско-полициски пуч.

Сакаме и уште еднаш, за последен пат, да повикаме и апелираме на разум, да се повлечат од ова поништување и погазување на Република Македонија. Да го повикаме извршителот Трајко Вељаноски да се повлече од спроведувањето на ова сценарио.

Ние сме спремни, имаме мандат, имаме обврска и ќе одиме до крај. Ако граѓаните, цела држава плаќаат огромна цена и жртва од овој режим на Никола Груевски ние ќе подготвени сме да ја преземеме одговорноста за највисоката цена и жртва. И од тие причини, додека не се повлечат од ова сценарио, ние не се повлекуваме од ова Собрание.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски