А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: И на локално ниво ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во режимската матрица и нуди само обнова на криминалот

by А1он17/10/2019 - 15:18282
Share0

После се она што Сокол Митровски и ВМРО-ДПМНЕ му го направија на Ѓорче Петров, опозициската партија нема никаков кредибилитет да зборува за работата на локалната самоуправа, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Појавувањето на лица вработени во Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Северна Македонија во работнo време на партиски прес конференции најдобро покажува дека режимската матрица во ВМРО-ДПМНЕ не е променета ниту на локално ниво.

Наместо да шири лажни вести и неосновани обвинувања, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски да објасни, како држи партиски прес конференции во време кога треба да биде на своето работно место во Министерството за транспорт и врски?

Што бара до него советникот Славчо Мисајлевски исто така во работно време а е вработен во Влада на Република Северна Македонија?

Следете a1on на Youtube YouTube

Недовршената општинска зграда е споменик само на груевизмот, расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Стојановски, кој денеска лажно обвинува, како советник кренал рака и дозволил ТРАНСМЕТ да може да продава неизграден деловен простор за зградата со која трајно го уништија паркот и ја турнаа Општината во правни лавиринти на стечајни постапки.

Стојановски треба да каже и колку пари изеле од Општината заедно со Владо Мисајловски додека му биле советници на Митровски, кога само во еден ден биле потрошени неверојатни 10.000 евра за ручек, за што има поднесено и кривична пријава.

Дали истите не доаѓале на седници а земале паушал, што е констатирано и во ревизорскиот извештај?

И на централно и на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е заглавена во очај и безидејност и не нуди ништо освен обнова на криминалот и расипништвото, но граѓаните тоа нема да им го дозволат.

Ѓорче Петров, граѓаните, државата одат напред и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ги врати назад во времето на криминал, неспособност и неказнивост.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео