СДСМ и коалицијата поднесоа измени на шест закони за да се спречи згоемувањето на платите на функционерите

Од:

Пратеничката група на СДСМ и коалиција поднесоа измени на шест закони, со кои, како што велат, ќе се спречи зголемувањето на платите на функционерите. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција соопшти дека со овие законски измени ќе бидат опфатени околу 1.060 именувани и избрани лица.

-Пратениците на СДСМ и Коалицијата поднесоа измени на шест закони – Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Законот за платите на судиите, Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Судски совет, сите по скратена постапка. Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, ова е единственото уставно решение. Потенцирам пратеници, министри, градоначалници, директори, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица се опфатени со овие законски измени. За нив нема да има зголемување на платите, рече Костовски.

Додаде дека коефициентите на платите на избраните и именуваните функционери засега остануваат на исто ниво.

-Да, испишањето на коефициентите би останало на исто ниво. Моментално, со овие измени, остануваме на истите плати, меѓутоа во поглед на тоа да бидеме во согласност со одредбите на Уставот на државата и со сите закони. Во Законот за пратеници во членот 29 став 2 се менува и гласи: „коефициентите на платите на пратениците изнесуваат од 3,4 до 3,92, а биле од 3,5 до 4,1“. И неслучајно почнувам со пратениците, бидејќи не е фер секогаш ние како пратеници да сме на удар на јавноста, а од друга страна станува збор за 120 пратеници, а зголемувањето на избрани и именувани функционери е 1.060. Направено е да не има драстично зголемување, бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со проценки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување околу 15,3 проценти. Ние како одговорни политичари на СДСМ, нема да го дозволиме, истакна Костовски.

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата очекуваат поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.

-Сите да покажеме солидарност и да ги поддржиме овие законски измени, а парите наместо за поголеми плати на функционерите, да завршат кај граѓаните, рече пратеникот Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски