СДСМ: И Ѓорчев знае што се случи, ќе има одговорност за насилниците

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев.

„Државен удар врз уставниот поредок на Р.Македонија и кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок ибезбедноста“ по член 313 од Кривичниот законик извршија сите оние насилници, криминалци и злосторници кои по нарачка на Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов, Трајко Велјановски, Митко Чавков извршија обид за убиство преку крвавите напади врз пратениците од мнозинството во Собранието на Р.Македонија.

За ваквото крвничко однесување на злосторниците, но и за нарачателите на ова злосторство Груевски, Иванов, Велјановски, Чавков ќе следува одговорност!

Изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери е според Уставот, Деловникот и законите на Р.Македонија и признат од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.

Влатко Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето и бруталните напади врз неговите колеги. Ѓорчев е принуден денеска да ги брани насилните ставови на раководството на ВМРО ДПМНЕ. И покрај ова, СДСМ и претседателот Заев ја почитуваат човечноста што пратеникот Ѓорчев ја покажа на денот на насилството во Парламентот“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби