СДСМ и ДУИ ги смируваат страстите

Од:

По два дена препукувања, преписки, оправдувања, објаснувања и меѓусебни обвинувања за тоа кој се пазари со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги смируваат страстите. Денеска смирувачки тонови од двете партии. Од ДУИ тврдат дека владината коалиција не е разнишана, а од СДСМ велат дека партиските несогласувања се надминуваат со разговор, интерпелација за спикерот Џафери најверојатно нема да поднесат.

Најавите за подобрување на односите меѓу коалициските партнери сепак не го затворија прашањето – што се крие во позадина на шоуто кое го приредија викендот на собраниската седница за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Едно од поверојатните сценарија за кое веќе се зборува во јавноста е новото законско решение кое го опфаќа СЈО, а кое, како што објави „А1он“, не било ставено на владина седница бидејќи немало согласност од ДУИ.

Вчера пратеничката група на СДСМ обвини дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ искреирале сценарио да не се одземе имунитетот на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и побараа одговори од Џафери за неосновано прекинување на седницата. Спикерот Џафери изјави дека рокот за одземање на имунитетот изминал на полноќ, а главен виновник бил пратеникот Мухамед Зеќири, кој непримерно се однесувал, поради што немало услови за продолжување на седницата. Дополнително, од ДУИ го обвинија и претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, дека тој е виновен што комисијата претходниот ден не донела заклучок.

Меѓупартиските препукувања почнаа откако во саботата на пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири, му се слошило пред гласањето, а неговата замена во комисијата, Мирсада Асани, не стигнала на време за да гласа. Верзијата на ДУИ е дека испратиле возило по пратеничката од Гостивар, но не стигнала зашто Богоевски одлучил да се гласа порано од договореното, а од СДСМ тврдат дека таа не одговарала на повиците, по што исходот од гласањето на комисиската седница беше 4:4.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?